Премиерот Заев и неговата сопруга на прием кај Трамп и Меланија


Премиерот Зоран Заев и сопругата Зорица присуствуваа на приемот организиран од Претседателот Трамп и првата дама Меланија, во Њујорк за време на ГС на ОН.

„Чест и задоволство ни беше со Зорица да присуствуваме на приемот организиран од Претседателот Трамп и првата дама Меланија, во Њујорк за време на ГС на ОН. Претседателот ни упати порака дека го цени и целосно го поддржува Договорот од Преспа. Чест е да се добие ваква поддршка од врвен лидер и креатор на глобални договори”, напиша Заев на Фејсбук.