Премиерот на Шведска обвинет дека игра „руски рулет“ со здравјето на граѓаните


Луѓето се собираат на пијачка во пабовите во Стокхолм. Тие не се затворени  (Фото: ЕПА)

Здравствените експерти велат дека обидот да се изгради „имунитет на стадо“ е „луд експеримент со 10 милиони луѓе“

 

Критиката се шири во Шведска околу пристапот на владата кон корона вирусот, при што експертите предупредуваат дека нејзината стратегија за градење широк имунитет додека заштитува групи на ризик – слична на онаа што првично ја донесе Велика Британија – претставува „руски рулет“ и може да заврши во катастрофа.

Премиерот Стефан Левен во неделата вечер ги повика сите Швеѓани да прифатат индивидуална одговорност во стопирањето на брзото ширење на вирусот, бидејќи бројот на пациенти на интензивна нега во Стокхолм продолжи нагло да расте.

„Ќе има неколку одлучувачки моменти во животот кога мора да направите жртви, не само за себе, туку и за оние околу вас, за вашите сограѓани и за нашата земја“, рече Левен во ретко обраќање на јавноста. „Сега е тој момент“.

Но додека премиерот рече дека „сè уште може да дојде до поинвазивни решенија“, тој не најави дополнителни ограничувања. „Секој мора да го стори својот дел“, рече тој. „Јас разбирам дека е фрустрирачки … Но сега е потребно.“

Шведска, која има пријавено 1.906 потврдени случаи на коронавирус и 21 смрт, ги затвори универзитетите и средните училишта, забрани собири на повеќе од 500 лица, ги замоли сите граѓани да избегнуваат несуштинско патување и ги советуваше оние кои се чувствуваат лошо и се на возраст над 70 години да останат дома.

За разлика од повеќето земји од ЕУ – вклучително и нејзините нордиски соседи Данска, Норвешка и Финска – Шведска не воведе построги наредби за сузбивање и социјално растојание, како што се масовен шопинг и затворање на основните училишта, ниту пак ги постави граѓаните во речиси тотална блокада, како во Италија, Шпанија и Франција.

Главниот епидемиолог на Шведска, Андерс Тегнел, негираше дека пристапот на земјата е брзо да се изгради групен имунитет кон вирусот, тактика која навидум се води во Велика Британија и Холандија, сè додека неодамна не се смени решението по предупредувањата дека нивните здравствени системи можат да бидат колабираат и би се зголемил бројот на смртни случаи.

Но Тегнел призна во изјава за весникот „Свенска дагбладет“ минатата недела дека таквата цел не е „контрадикторна“ со она што тој го опиша како основна стратегија на владата, а тоа беше да се обезбеди „бавно ширење на инфекцијата и здравствените служби да имаат разумен обем на работа“.

Во неделата навечер, Тегнел за шведската телевизија изјави дека избувнувањето ќе се „смири“ во мај, но ќе се врати наесен. „Ќе биде важно колкав дел од населението е заразен“, рече тој. „Тоа ќе детерминира што ќе се случува наесен“. Корона вирусот може да се запре или со „имунитет на стадо, или комбинација на имунитет и вакцинација“, рече тој. „Тоа е во основа иста работа.“

Шведските здравствени работници сѐ повеќе искажуваат загриженост дека владата го става здравјето на економијата пред здравјето на граѓаните. Водечките експерти минатата недела беа жестоко критични кон шведските здравствени власти во електронските пораки што ги виде државниот радиодифузер СВТ, обвинувајќи ги за неспособност и немање медицинска експертиза.

„Јас сум длабоко загрижен“, рече Фредрик Елг, професор по вирусологија на универзитетот „Умео“, за СВТ. „Претпочитав дека Стокхолм ќе биде ставен во карантин. Ние сме речиси единствена земја во светот што не правиме сè што можеме за да ја спречиме инфекцијата. Ова е страшно сериозно“.

Друг стручњак во темата, Јоаким Роклев, професор по епидемиологија и јавно здравје на „Умео“ рече: „Дали ова значи дека ова е пресметана последица што владата и јавното здравство сметаат дека е добро? Колку животи се подготвени да жртвуваат за да не се ризикува поголемо влијание врз економијата?“

Списанието на шведската медицинска асоцијација објави високо критички труд за пристапот на владата, додека дневниот весник „Дагенс нихетер“ објави неколку многу остри колумни, вклучувајќи и една во саботата од страна на Стефан Хансон, меѓународен доктор по здравство, и Клаудија Хансон, епидемиолог.

„Ја гледаме ситуацијата во Италија“, напишаа авторите, „и заостануваме само неколку недели… Не можеме да се предадеме! Велика Британија, која имаше иста стратегија како Шведска, сега целосно ја промени. Должност е на Стефан Левен да го стори истото во Шведска“.

Маркус Карлсон, математичар од универзитетот „Лунд“, објави видеа на Јутјуб во кои тврди дека нема докази за пристапот „имунитет на стадо “ кој ја контролира појавата на вирус на кое било место во светот. Тој го опиша пристапот на владата како „луд експеримент со 10 милиони луѓе“.

Тегнел и Левен „играат руски рулет со шведското население“, рече Карлсон. „Ако тоа треба да го сториме како народ… да ги ставиме фактите на маса за да ги разбереме причините. Начинот на кој сега се чувствувам е дека сме ставени како стадо овци кои одат кон катастрофа“.

Левен во неделата вечерта ги повика Швеѓаните да ручаат во локален ресторан, додека Карл Јохан Сонсон, виш локален политичар во округот Скан, објави на Фејсбук: додека се штитат постарите и другите луѓе под ризик, „консумирај, јади, забавувај се, но одговорно“ и да„ мисли на сите помали бизниси“. (Гардијан)