Премиерот комплетно повлечен од Советот за судски реформи, целта на „метлата“ поголема одговорност


Советот за реформи во правосудството е составено и ставено на шини. И тоа тера. Веќе нема потреба од мое учество во него иако таму се носат законите, не се носат пресуди, не се формализираат обвинителни акти, ниту некој дискутира за тоа што правосудството спроведува во пракса. Не. Тоа е легислативно тело за реформите во правосудството и ја сум од него комплетно повлечен, истакна денеска премиерот Зоран Заев.

Одговорајќи на новинарски прашања по седницата на Економско-социјалниот совет, Заев нагласи дека веќе два – три месеца не учествува во работата на Телото е за импелентација на судските реформи. Доволно е капацитетна мнистерката за правда да го води, а тука е, дополни, и заменик-министерот за правда

-Во моментов кога го структуриравме тоа тело, вие бевте будното око зашто многу беше важно кои ќе бидат претставници од институциите, претседателот или некој друг, заради неговиот крдибилет. Од телото не се повлекувам сега. Два – три месеца не учествувам воопшто. Повлечен сум комплетно, рече Заев.

Во врска со најавената „чистка“ и ставот на спикерот Џафери дека прво треба да се измете во сопствениот двор, Заев рече дека зборува од аспект и во домен на своите надлежности, како премиер на Владата и претседател на СДСМ. Целта на „метлата“, напомена, е воспоставување систем на поголема одговорност.

-Во правосудството очекувам од Судскиот совет и Советот на јавни обвнители да си ги преземат своите одговорности, како што очекувам и од градоначалниците и од Парламентот. Зборувам за систем на поголеми одговорности, воочени слабости кои ги слушнавме, граѓаните ги кажаа и мораме да ги корегираме ако сакаме сите надежи и перспективи на кои се надеваме да ги забрзаме со повисок чекор и побрзо темпо да ги оствариме, истакна Заев според кој не само во Владата, туку и во редовите на СДСМ треба да се направат, како што рече, одредени промени.