Премиерлигашките капитени одлучија: Нема повеќе клекнување


Премиер лигата објави дека капитените на клубовите од највисокото ниво на англискиот фудбал се договориле да нема клекнување пред почетокот на натпреварите во новата сезона, како знак на поддршка во борбата против расизмот.

Викендов стартува најдоброто и најинтересното државно клупско фудбалско натпреварување во светот, а Премиер лигата објави неколку новости во пресрет на стартот на сезоната.

Нема да има повеќе клекнување пред почетокот на натпреварите, се договориле на средбата капитените на сите 20 премиерлигашки клубови, а соопштија организаторите на натпреварувањето.

Клекнувањето е поддршка на борбата против расизмот, а во пракса стапи пред две години, по убиството на Џорџ Флојд и основањето на движењето Black Lives Matter.

Капитените не се откажаа од борбата против расизмот и другите форми на дискриминација, но ќе клечат само во „посебни“ прилики.

Во текот на кампањата со клекнување, не сите фудбалери во Премиер лигата го почитуваа овој ритуал. Англиските клубови и во европските натпреварувања го практикуваа тоа, што често беше мета на свирежи од навивачите при гостувањата, а нивните противници ретко им се придружуваа. Истото го правеше и англиската репрезентација.