Премиерката на Франција поднесе оставка


Премиерката на Франција, Елизабет Борн

Француската премиерка Елизабет Борн му ја доставила оставката на претседателот Емануел Макрон, кој ја прифатил оставката, пренесува France info.

На социјалната мрежа Икс, Макрон ѝ се заблагодари на Борн за сè што направи.

„Госпоѓо премиерке, драга Елизабет Борн, вашата работа во служба на нашата нација секој ден беше примерна. Го реализиравте нашиот проект со храброст, посветеност и одлучност на жените во земјата. Од сè срце, ви благодарам“, напиша Макрон во твитот.

Макрон не именуваше нејзини наследник веднаш. Францускиот претседател и неговата влада се бореа со законодавни турбуленции откако го загубија апсолутното мнозинство во парламентот веднаш откако Макрон беше реизбран за втор мандат во 2022 година.

Промената на позицијата на премиерот доаѓа по една година обележана со спорни реформи на пензискиот систем и законите за имиграција. Тоа доаѓа и на само пет месеци пред изборите за Европскиот парламент, на кои се очекува да забележат рекордни резултати за евроскептиците во услови на широко распространето јавно незадоволство поради зголемените животни трошоци и неуспехот на европските влади да го ограничат миграцискиот тек.

Анкетите покажуваат дека партијата на Макрон заостанува зад лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен за околу осум до десет процентни поени во анкетите за изборите во ЕУ во јуни. Шпекулациите за реконструкција на владата се актуелни откако Макрон вети нова политичка иницијатива во декември.

Кариерниот бирократ Борн, којa служеше на голем број министри од Социјалистичката партија пред да се приклучи на владата на Макрон, беше на позицијата премиер од мај 2022 година. 62-годишната премирка беше само втората жена што ја извршуваше оваа функција.