Премиера на претставата „Жени“ во Битола


Премиера на претставата „Жени“, работена по документарни материјали, а во режија на Софија Ристевска Петрушева ќе се одржи денеска во Битола, во организација на Интимен Театар.

Во претставата учествуваат Катерина Петровска, Јоланта Дафовска, Јасмина Костандинова и Валентин Дамчевски – жени што зборуваат за своите животи, а во исто време го користат театарот како алатка за подигање на квалитетот на нивното секојдневно живеење.

Жените, се вели во најавата за петставата, ќе зборуваат за две важни теми, и тоа пензионирањето од една, и ракот на дојка од друга страна. Нивната храброст да зборуваат дирекно и отворено за важни за нив теми и проблеми е фасцинантна, а нивната желба за живот е охрабрувачка и мотивирачка.