Премиера на „Лимонада во друштво на директорот“ во Кичево

Урнебесната комедија „Лимонада во друштво на директорот“ од Весна Куслеска, а во режија на Михајло Петревски утре, 9 мај, премиерно ќе биде изведена во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево.
Претставата ќе има реприза и следниот ден на 10 мај.

Во претставата учествуваат Кристијан Илијевски (Директорот), Михајло Петревски (Заменикот), Весна Гаврилоска (Секретарката), Тијана Решковска (Мајката), Анастасија Илиоска (Странскиот консултант) и специјално учество на Зоран Никодиноски во улога на Миро кој одбележува 50 годишен јубилеј со учество во аматерски претстави.

Содржината на претставата е земена од современото секојдневие и ќе ве натера да посакате да ја погледате претставата уште неколку пати.

Претставата започнува во 19:30 часот. Цената на влезниците е 100 денари и истите ќе може да се купат два часа пред почетокот на претставата на билетарата од центарот за култура.