Премиера на филмот „Пејзажи на отпорот“ во Музејот на современа уметност

Во Музејот на современа уметност во Скопје вечер премиерно ќе биде прикажан филмот на Марта Попивода и Ана Вујановиќ насловен „Пејзажи на отпорот“.
– Имаме привилегија во рамки на КРИК 06 да го споделиме македонското премиерно прикажување на оваа исклучителна филмска нарација, која ги поставува во совршена синергија интимниот, лирски пристап со силните идеолошко-политички светогледи на авторките, велат од КРИК – Фестивалот за критичка култура.
По проекцијата на филмот следува разговор со режисерката Марта Попивода.
Досега филмот има освоено неколку награди, Cinema du Réel – Library Award, Чонџу меѓународен филмски фестивал – Награда за најдобар филм, Документарен фестивал Солун – награда Златен Александар, Сараевски филмски фестивал – Срцето на Сараево.