Премиера на дуодрамата „9“ од Гоце Ристовски


 

Во кино салата на Кинотека на Македонија вечерва со почеток во 20 часот, премиерно ќе биде изведена дуодрамата „9“ на режисерот Гоце Ристовски.

Дуодрамата е проект од национален интерес финансиран од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Улогите ги толкуваат Зорица Панчиќ и Благој Чоревски. Визуелниот дизајн на претставата е на Стојанче Величковски- Грботворац а асистент на проектот е Марија Панзова.

Претставата ќе биде изведена според здравствените протоколи за заштита од КОВИД-19, а влезот е бесплатен.