Прекршено примирјето помеѓу Израел и Палестина


Израелската војска соопшти дека една ракета е лансирана од Појасот Газа, помалку од две недели откако примирјето го запре непријателството со Палестина.

Засега нема извештаи за штетите или повредените, пренесува АП.

Претходно овој месец во израелскиот воздушен напад беше убиен еден од командантите на милитантната група Исламски џихад, по што од Појасот Газа беа лансирани стотици проектили.

Во израелските напади кои следуваа загинаа најмалку 34 Палестинци, меѓу кои 16 цивили.

Следуваше примирје постигнато со медијација на Египет и Обединетите нации.