Прекината наставата во училиштата во Тетово поради загадениот воздух од пожарот

Општина Тетово во соработка со Секторот за образование одлучи денеска и утре да го прекине образовниот процес поради настанатата состојба по пожарот што денеска избувна во магацин во градот.
– Надлежните органи оценија дека квалитетот на воздухот во Тетово е доста влошен и за да го зачуваме здравјето на учениците ја донесовме оваа одлука – потенцираат од Општина Тетово во писменото соопштение испратено по електронски пат до медиумите.
Надлежните оттаму упатија и важен апел до граѓаните да останат во своите домови,
– Апелираме и до граѓаните да не излегуваат непотребно од своите домови додека не се подобри состојбата со квалитетот на воздухот. Граѓаните и студентите кои ќе излегуваат надвор за лични потреби, треба задолжително да носат заштитни маски – стои во соопштението на Општината.