Прекината истрагата за фамозната наткасна на Борисов – полна со пари и златни плочки
Обвинителството на Бугарија ја прекина истрагата за фотографиите од спалната соба на поранешниот премиер Бојко Борисов, на кои се гледаа златни плочкии банкноти од 500 евра во фиоките на натказните покрај креветот. Софискиот градски обвинител Илијана Кирилова ја потврди информацијата за БТА.
Прекинувањето е со датум 10 мај 2023 година, во времето кога главниот обвинител Иван Гешев беше во САД, а на негово место дојде неговиот заменик Борислав Сарафов, со кој денови подоцна влегоа во отворен конфликт и бараат меѓусебно отстранување.
Во јануари Гешев предвиде дека истрагата за парите и за златните плочки ќе биде завршена за „еден месец или нешто повеќе“. Тој денеска коментира дека Апелација и Врховното касационо обвинителство допрва ќе ги проверуваат основите за прекинување на истрагата.
Станува збор за серија фотографии и видео испратени анонимно до медиумите во летото 2020 година. Самиот Борисов ја препознал својата спална соба во владината резиденција „Бојана“ по внатрешноста, но со текот на годините даваше контрадикторни коментари за автентичноста на фотографиите и снимката – од тоа дека материјалите биле монтажа па до тоа дека се реални, но аранжирани, дека знае кој ја сликал неговата спална соба ( самиот ја нарече личноста Мата Хари), но и дека не знае.
Истрагата на обвинителството започна на 16 јуни 2020 година, врз основа на информации во медиумите. Медиумот „Бивол“ наведува извадоци од уредбата, според кои „дејствијата – предмет на истрага“ не претставуваат кривични дела и се дозволува „враќање на двете идентични наткасни во боја на слонова коска. Обвинителството за БТА објасни дека проблемот од правен аспект е што не постои начин да се утврди дали банкнотите и златните плочки на фотографиите се вистински или само макети.
Гешев отфрли какво било нерегуларно влијание врз соодветните надзорни обвинители и рече дека има целосна доверба во секој судија. Тој додаде дека е сигурен дека тие одлучуваат според доказите во случајот и нивното внатрешно убедување. Сепак, според него, тоа не ја исклучува можноста да се направат некои грешки и при спроведувањето на таканаречената институционална контрола и официјална контрола, да се најдат пропусти.