Прекинат бојкотот во ОУ „Љубен Лапе“, обезбеден заменски наставник по математика


Прекинат е бојкото на наставата по математика во ОУ „Љубен Лапе3 во скопски Аеродром, откако на местото на наставничката од која се жалеа децата и родителите, најден е заменски наставник. 

– Бојкотот на часовите по математика во шестите одделенија во ООУ „Љубен Лапе“ – Скопје, од вторникот е официјално прекинат. Имено, причината за прекинот на бојкотот е отпочнување на разрешување на целиот случај со наставничката по сите наши вложени напори за нашите ученици. Како што сме информирани обезбеден е заменски наставник по предметот математика од друго училиште, а во врска со проблемот со претходната наставничка Анета Костоска, училиштето презема активности и постапува согласно дадени насоки од Државниот просветен инспекторат (по поднесени пријави од родители и од Советот на родители) и оттука за било какви детални податоци во однос на целиот случај да ги обезбедите преку раководството и стручните соработници на училиштето – соопштија од Советот на родители. 

Тие ги охрабруваат и родителите и наставниците редовно да ги пријавуваат сите девијантни појави кои се сѐ повеќе присутни во училиштата.

Инаку поради закани, навреди и погрдни зборови, со кои се користела наставничката по математика во односот со учениците, родителите  од три од вкупно четири класа во шесто одделение ја бојкотираа наставата од почетокот на месецов.

-Им се вика на децата „сега ќе вежбаме тишина, нема да поставувате прашања“, именувања „глупав“, со „невоспитан“ со „нема да ви објаснувам, само ќе пишувам, вие треба да сфатите“. Две третини од учениците имаат единици и не е јасно зошто. Родителката се обидела со неа да разговара, таа почнала да вика: „Нема што јас во Вас да разговарам, кои сте вие?“ Има проблем, тоа сите го констатиравме, но нема реакција – рече тогаш Лазар Ѓуров од Советот на родители.

Родителите велат дека подолг период се жалеле за однесувањето на наставничката дури и во општината, но таа нема ингеренции да се меша во образовниот процес. 

По почетокот на бојкотот, директорката на училиштето си поднесе оставка, а беше именувана в.д. директорка.