Прегрнување крави – нова терапија по цена од 300 долари за 90 минути


 

Прегрнување крави е нов тренд што завладеа во Њујорк. Ако никогаш не сте можеле да се замислите во ваква ситуација, ова ново искуство може да ви покаже дека може и да ви помогне. Кравите се многу нежни животни и не им пречи ако ги прегрнувате.

Според истражувањето што го спроведе PubMed, нивото на стрес кај луѓето значително се намалува во контакт со животни.

Иако терапијата со прегрнување крави може да звучи чудно, кога ќе ги погледнете другите терапии со животни, ова и не е така необично. Луѓето веќе практикуваат јога со кози, мачки и зајаци.

На фармата „Маунтајн хорс“ може да уживате во прегратка со крава каде за 90 минути ќе платите 300 долари.

„Тие ќе почувствуваат дали сте вознемирени, изгубени, анксиозни или возбудени и согласно тоа, ќе ви помогнат. Дружењето со нашите животни на посетителите им донесува мир, комфор и опуштање“, наведуваат од фармата.

https://www.facebook.com/MountainHorseFarm/posts/2397915570230205