Прегазил пешаци, па избегал


Фото: Б.Грданоски

 

Во неделата, во 18.40 часот на бул.„Кочо Рацин“, пред крстосницата со ул.„Мирче Ацев“ во Скопје, патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.П.(48) од Скопје, удрило во пешаците А.З.(22) и С.Т.(21), двете од Скопје.

А.П. со возилото го напуштил местото на несреќата, но подоцна сам се пријавил во полициска станица.

Во незгодата, С.Т. се здобила со тешки телесни повреди, а А.З. се здобила со телесни повреди и биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.

Истиот ден, во 11.40 часот, на крстосницата од ул.„Јадранска магистрала“ и локален пат за село Никиштани, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ф.(21) од Скопје и патничко возило „шевролет лачети“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.О.(20) од село Никиштани.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила А.Х.(20), сопатничка од возилото „голф“ и била пренесена во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Додека, со телесни повреди се здобиле А.О. и сопатничка од истото возило О.Х.(45) и биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.

Во 7.30 часот пак, на автопатот Скопје – Куманово, на исклучокот за обиколницата на град Скопје, патничко возило „ауди А8“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.(28) од село Инџиково, скопско, излетало од патот. Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.