Прегазени пешак и возач на електричен тротинет


Фото: Независен

Во две одделни несреќи, прегазени се повозрасна жена и возач на електричен тротинет, кои со повреди се пренесени во болница.

Во четвртокот, во 10.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ќемал Сејфула“ во Скопје, патничко моторно возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Н.(42) од Скопје, удрило во Б.Г.(86) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.Г. констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. 

Истиот ден, во 8 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Партизански одреди“ и ул.„Никола Парапунов“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Н.(43) од Скопје и електичен тротинет управуван од Д.К.(40) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тротинетот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.