Прегазени две малолетни деца во Охрид


Две малолетни деца се прегазени вечерва на излезот од Охрид, јавува порталот Охрид1.

Засега нема детали за здравствената состојба на децата, ниту пак е позната нивната точна возраст. Она што е познато е дека улицата е затворена за сообраќај.

Во моментот сообраќајната полиција врши увид на местото на несреќата.