Прегазен пешак на скопската обиколница


Фото: Б. Грданоски

Синоќа, на скопската обиколница, со возило бил прегазен маж, кој потоа починал.

Според информациите, несреќата се случила во близина на клучката Радишани, кога „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Е.С.(28) од Скопје, удрил во К.П.(68) од Скопје.

Во несреќата, на местото починал пешакот, а смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош. Со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.