Прегазен пешак на „Партизанска“ во Скопје


Фото: Б. Грданоски

Во четвртокот, во 10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“, патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Н.(56) од Скопје, удрило во пешакот Ј.Д.(64) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ј.Д., констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.

Исто така, вчера во 13 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на 16.11.2021 во 16.45 часот на пешачки премин на бул.„Гоце Делчев“ во Прилеп, патничко возило „бмв“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од К.Ч.(71) од Прилеп, удрило во пешакот Д.Ѓ.(68) од Прилеп.

Во несреќата, Д.Ѓ. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.