Предвремените избори го одложуваат пописот


Одлуката на 12 април 2020 година да се одржат предвремени парламентарни избори, најверојатно ќе го одложи повторно одржувањето на пописот во земјата. Како што е познато, оваа значајна статистичка операција требаше да се одржи во април следната година.

Според најавите од лидерската средба што се одржа вчера кај претседателот Стево Пендаровски, најреално е
пописот да биде одложен за 2021 година.

Исто така изборите ќе го одложат и процесот на договарање на нов изборен модел, за што веројатно ќе се разговара после предвремените избори во април.