Предвидено зеленило при градењето кај Соборен храм
На последната седница на Советот на Општина Центар советниците ја усвоија Одлуката за донесување на Деталниот урбанистички план Градска четврт Ц03-Соборен храм.
Предметната Градска четврт Ц03-Соборен храм претставува консолидиран градски простор, односно простор што целосно е изграден. Во рамките на целиот простор, развојната компонента има само три објекти, од кои развојните параметри за два објекта се преземени од претходната планска документација, а за третиот објект површината за градба е намалена. Во планската документација се предвидува надградување на постојната комунална инфраструктура и документирање на постојното парковско зеленило што во претходната документација било предвидено за поплочен јавен простор. Во согласност со планската документација, новопланираните објекти и потребните паркинг-места ќе бидат планирани во рамките на сопствената парцела, согласно Законот за урбано зеленило.
Советниците на Општина Центар ги усвоија и одлуките за давање согласности за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работни места и Правилникот за внатрешна организација на работни места во општинските детски градинки, годишните извештаи за работа на општинските основни училишта за учебната 2020/2021 година, како и одлуките за усвојување на кварталниот извештај за работењето на ЈП ПОЦ за периодот од јануари до март 2021 година и ценовникот за одржување и изведба на хоризонтална и вертикална сигнализација