Предупредување за туристите: Има ризик од легионерска болест во Италија


Европскиот центар за контрола и превенција на болести издаде предупредување до туристите кои патуваат во Италија за ризикот од легионерска болест (инфекција на белите дробови), од која починаа четири лица во Ломбардија.

Во соопштението од Европскиот центар за контрола и превенција на болести наведува дека 12 лица се во болница, а до пред неколку дена во Италија се регистрирани 53 случаи со легионерска болест, пренесува „Експрес“.

Европскиот центар за контрола и превенција на болести соопшти дека хоспитализираните лица се на возраст од 26 до 94 години, а четворицата починати биле на возраст над 70 години и имале други здравствени проблеми.