Предлог-законот за финансиска поддршка на граѓаните со низок доход, пензионерите, уметниците го помина владиниот филтер


Владата на вчерашната седница го усвои Предлог-законот со кој се обезбедува мерката за финансиска поддршка на граѓаните со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници.

Со овој Предлог-закон се уредува начинот на распределување на финансиската поддршка на корисниците преку постоечка трансакциска сметка или новоотворена трансакциска сметка во банка, како и активностите на Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија во врска со доделувањето на финансиската поддршка на таргетираните групи на граѓани. Дополнително, овој член ја уредува и постапката за доставување и решавање на приговори поднесени од страна на физички лица кои не добиле финансиска поддршка, а согласно условите во Законот се квалификувани за добивање на истата.

Владата предлага и овој закон да биде донесен по скратена постапка.