Предлог главниот град на САД да стане 51-ва сојузна држава


Во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес денеска ќе биде поднесен предлог за гласање главниот град на земјата да стане нова, 51-ва сојузна држава.

Од административна гледна точка, Вашингтон моментално е федерален округ Колумбија, кој не е дел од ниедена соујзна држава.

Во најавата за предлогот, спикерот на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси синоќа изјави дека нискиот статус на престолнината е „несериозна неправда“. Таа рече дека законодавците во петок ќе успеат да ја исправат таа „неправда, која стои наспроти нашата демократија“, јави телеканалот Фокс њуз.

Спонзори на иницијативата се конгресмените демократи, кои сметаат дека жителите на престолнината уредно ги исполнуваат свиоте обврски пред државата но, идејќи живеат на територија која не е дел од ниедна сојузна држава, немаат мажност да избираат свои претставници во Конгресот.

Се смета дека иницијативата можеби ќе помине во долниот дом на Конгресот контролиран од демократите, но може да биде блокирана во горниот дом од републиканците кои држат  мнозинст во Сенатот. 

Вашингтон, округ Колумбија, се граничи со две сојузни држави Виџинија на југ и Мериленд на север.