Предизвиците на македонско семејство- Заврши снимањето на филмот „Турбо-нет“ на Надежда Панова


Катина Иванова и Валентина Грамосли во сцена од филмот

 Bо раните утрински часови заврши снимањето на краткометражниот игран филм „Нитамуниваму/Turbo-net“, по сценарио и во режија на Надежда Панова.

Филмот ја раскажува приказната за едно вообичаено македонско семејство и предизвиците со кои се соочуваат неговите членови по смртта на таткото, сопственик на првото интернет кафуле во градот: Турбо-нет.

Во филмот настапуваат актери од младата генерација: Ивана Павлаковиќ, Исидор Јовановски, Илија Волчески, Петар Стојанов, Надица Дојкоска и Матео Матевски и тим од искусни актери како Катина Иванова, Соња Михајлова, Валентина Грамосли, Сашо Тасевски, Игор Трпчевски и Петар Горко.

Шеф на техничката екипа е снимателот Лашло Кадар, директор на филмот Виктор Павловски, а носител на проектот е продукцентската куќа Пиреј филм.

Филмот е македонско-швајцарска копродукција, подржан од државната Агенцијата за филм – конкурс, лето 2020 и регионалниот филмски фонд , Синефором, Женева.

Премиерата е планирана за на пролет следната година.