Предавање „Вечниот Достоевски“ по повод 200 години од раѓањето на рускиот писател


Предавање со наслов „Вечниот Достоевски“ ќе се одржи денеска по повод 200-годишнината од раѓањето на рускиот писател Фјодор Михајлович Достоевски, во организација на Институтот за применета философија и етика на Факултетот за образовни науки при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип. Предавањето ќе го одржи професор д-р Трајче Стојанов.

Заради постојните ковид-протоколи, предавањето ќе биде онлајн на платформата Microsoft Teams и е од јавен карактер.

На предавањето поздравна реч ќе има и рускиот аташе за култура при Амбасадата на Руската Федерација во земјава Дмитриј Сачук.