Предавање на Томислав Османли за ангажиран стрип


Предавање „Стрип и ангажман“ на писателот, новинар и есеист Томислав Османли ќе се одржи во кино салата на Музејот на современа уметност во Скопје на 29 мај во 20 часот.

Во своето предавање Османли ќе се осврне на разните аспекти на општествено-културно влијание на стрипот и графичката литература. Низ примери од класичното и современо стрип творештво, тој ќе говори и полемизира за стрипот како медиум низ кој авторите се обидуваат да покренат важни политички, социјални и општествени прашања како и за тоа каде е границата помеѓу стрип уметноста со ангажирана тематика и неговото влијание наспроти површниот памфлетизам.

Предавањето на Османли се реализира во рамките на „Школата за ангажиран стрип“ која што се одржува во периодот април- ноември 2019 година.
Во фокусот на Школата за стрип е социјално ангажираниот стрип. Ќе се изучуваат уметничките практики со кои се промовира стрипот како медиум, кој придонесува кон социјално ангажираните практики и цели кон зајакнување на правата на маргилизираните заедници , вклучувањето на исклучените и осветлување на бројните животни приказни на поединците и заедниците, приказни што не можеме често да ги видиме во делата на стрип авторите, ликовните уметници или пак во традиционалните медиуми.

Проектот „Социјално ангажиран стрип – уметнички практики за општествени промени“ е финансиски подржан од Министерството за култура, општина Центар и културен центар Јадро.