Предавање на Игор Радев во ДПМ


Во Друштвото на писателите на Македонија денеска синологот Игор Радев ќе одржи предавање на тема „Класичниот кинески поет како дејствувачко лице на историјата“. 

-Првиот именуван поет на европската култура е Хомер, слепиот бард, кој пее за војни, јунаци, градови и држави, но не учествува во нив: токму физичкиот хендикеп – слепоста, небаре служи како симбол за неговата одвоеност од историската пракса. Од друга страна, првиот именуван поет во кинеската традиција Чју Јуен (343-278 пр. н.е.) е висок службеник на својата држава, активен политичар и воено-дипломатски стратег, за кого поезијата претставува и еден вид призма, низ која се прекршува државничката дејност, стои во објавата на настанот.

Како и поетското читање „Вечер со Руми“, кое се одржа на 30-ти септември, и предавањето на Радев ќе биде од отворен карактер и во насока на приближување на активностите на Друштвото на писателите на Македонија до јавноста, преку организирање поетски читања и предавања што го уважуваат и ни го приближуваат древното книжевно и културно наследство од ширум светот