Предавање „Да пишуваме за театар!“ на Ана Стојаноска во ДПМ


Писателката и професорка на Факултетот за драмски уметности Ана Стојаноска, вечер во 19 часот, ќе одржи интерактивно предавање „Да пишуваме за театар!“ во Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ). 

– Затоа за мене театарот е најубавата уметност, трае како и животот – миговно. Учејќи го театарот, јас учев дека театарот треба да се чува во колективната и интимната меморија, а театарот се чува преку пишување. Затоа и одбрав да зборуваме за тоа како се пишува за театар, како се гледа театарска претстава, како се бележи театарска претстава, како се пишува за театарска претстава, што е театарска критика, и најважното – македонските прилики на театарските рецепции овде и сега, наведува Стојаноска.  

Предавањето е од отворен карактер, а влезот е слободен.