Пребрзо возеле 627 возачи


Фото: Б. Грданоски

Вкупно 627 возачи се санкционирани во текот на вчерашниот ден за возење со брзина над дозволената, соопшти Министерството за внатрешни работи по спроведената зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија.

Од нив, 135 се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 16 возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Штип – 89, СВР Охрид – 85 и СВР Тетово – 74.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелира МВР