Правните експертите расправаа, но не се договорија околу одложувањето на изборите


Правни експерти вечерва во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски одржаа средба по барањето на политичките лидери кои присуствуваа на лидерската средба, што се одржа претходно во текот на денов. Во соопштението од Кабинетот на шефот на државата се наведуваа дека целта на оваа средба била да се утврдат правните аспекти на одлуката за одложување на изборите закажани за 12 април оваа година.

„На почетокот на состанокот, претседателот Пендаровски ги поздрави присутните и им се заблагодари за нивниот ангажман. Универзитетските професори, Светомир Шкариќ, Гордана Силјановска–Давкова, Рената Дескоска, Тања Каракамишева–Јовановска, Јетон Шасивари, и доцентите Александар Љ. Спасов и Денис Прешова ги разгледуваа правните аспекти за одложување на парламентарните избори закажaни за 12 април“, се наведува во соопштението.
На средбата се дискутирало за повеќе можни решенија што произлегуваат од Уставот. Консултациите за начинот на одложување на изборите ќе продолжат и во следните денови, информираат од Кабинетот на оретседателот на државата.

На средбата беа присутни и претседателот на Собранието, Талат Џафери, и премиерот Оливер Спасовски.