Пратеникот кој во српскиот парламент гледаше порно филм поднесе оставка


 

Пратеникот Звонимир Стевиќ од Социјалистичката партија на Србија денеска поднесе оставка од пратеничката функција, откако во медиумите и на социјалните мрежи беше обвинет дека на седницата за Косово гледал „филмови за возрасни“, објави „Политика“.

Пред тоа лидерот на СПС, Ивица Дачиќ, изјави дека Стевиќ треба да поднесе оставка и дека тоа очекува да го стори пред почетокот на денешната седница на српскиот парламент.

Медиумите објавија дека пратеникот од Социјалистичката партија на Србија, Звонимир Стевиќ, кој е од Косово, гледал филмови за возрасни за време на специјалната парламентарна седница посветена токму за Косово.