Пратеникот Коциќ побара извинување од Милошоски за тоа што го кажа за Онкологија


 

На денешната седница на Анектната комисија за случајот Онкологија пратеникот на СДСМ, Ненад Коциќ презентираше докази, кои, наводно, покажуваат дека Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ ја лажел јавноста. Коциќ побара извинување од Милошоски за изнесените лаги.

Во своето обраќање Коциќ рече дека на минатата седница на Анкетна комисија „пратеникот Антонио Милошоски за време на процедурална забелешка прочита одлука на Влада, за која што тврдеше дека станува збор за наводна намера на Владата да дозволи уништување на доказен материјал на Клиниката за онкологија, при тоа наведувајќи свои лични квалификации“.

Коциќ рече дека врз основа на Законот за пристап до информации побарале и добиле документ кој покажувал дека тоа што го зборува Милошоски не било точно.

„Не се работи за одлука за расходување на потрошен и дотраен материјал како што Милошоски лажно тврдеше туку станува збор за медицинска опрема два кревети во вредност од 0 денари, шест столици со вредност 0 денари, медицински апарат 0 медицински апарат 0 денари и уште еден медицински апарат 0 денари. Значи се врши избор на рецициклирање и уништување отпад.

Ова е уште една потврда дека целта на ДПМНЕ со Анкетната комисија воопшто не е ништо друг освен да се опструира истрагата и да се пласираат невистини..

Се изведуваат невистини, инсинуации, клевети… сѐ со една цел, создавање страв кај граѓаните и недоверба во институциите. Очигледно целта на ДПМНЕ не е правда туку манипулација.

Бараме пратеникот Милошоски јавно да се извини за манипулациите на македонската јавност. Злоупотребата на работата на Анкетната комисија мора да прекине“, рече Коциќ.