Пратеникот Арбен Зибери хоспитализиран на Инфективна клиника, бил во стабилна состојба

Пратеникот од редовите на ДУИ и поранешен директор на Центарот за јавно здравје-Скопје, Арбен Зибери, бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести, јавија повеќе медиуми.

Здравствената состојба на Зибери стана актуелна кога на 30 август беше донесен во Собранието да гласа за новата влада, а тоа го направи според посебни здравствени протоколи – од посебна просторија.

По пишувањата во медиумите дека Зибери е хоспитализиран, на неговиот Фејсбук профил информацијата ја потврди неговата сопруга.

Таа напиша дека по тестирањето за Ковид – 19 и влошувањето на здравствената состојба Зибери бил примен на Инфективната клиника.

„Од вчера неговата состојба е постабилна и се подобрува. Грижете се за себе и заштитете ги своите роднини“, додаде таа.