Пратениците кои не идат на работа во црногорскиот парламент да земаат половина плата


 

Административниот одбор во среда ќе го разгледува предлогот на пратениците кои не доаѓаат на седница на Парламентот да има се намалат платите и тоа за 50 отсто.

„Таа точка е на дневен ред. Ќе расправаме за тоа“. вели претседателот на Административниот одбор Љуѓ Шкреља.

Казнените одредби за пратениците кои не доаѓаат на седници би почнале да се применуваат од 1 октомври годинава.

Претседателот на Либералната партија Андрија Поповиќ за ЦдМ истакнува дека е уверен оти во иднина неоправданото отсуство на пратениците при заседавање на Парламентот ќе се санкционира и дека ќе се почитуваат усвоените измени на Правилникот, и дека во иднина ќе се спречи долгогодишното избегнување на работните обврски од страна на дел од пратениците.

„Страв ми е дека дел од патениците ни санкциите нема по три години да ги вратат во парламентот, ќе мора да искажат став по многу горливи црногорски прашања, а тоа никако не им одговара во пресрет на парламентарните избори во 2020 година. Веројатно ќе бараат надоместок на намалените плати низ добивање партиски средства. Би сакал мојот страв да е неоправдан“, вели Поповиќ.

На седницата на Административниот одбор ќе се расправа и за казните на пратениците поради опомената од мајското заседавање.

Собранието летоска ги усвои измените на собранискиот Деловник со кои се предвидува дека пратеникот кој неоправдано отсуствува од една седница на Парламентот му се намалува месечната заработка за 30 отсто, а со две или повеќе отсуства му се намалува за 50 отсто.