Познато кога и во колку часот ќе се играат првите 10 кола во ракометната Лига на шампиони

Европската ракометна федерација во соработка со клубовите и ТВ куќи кои ги имаат правата за пренос на натпреварите од Лигата на шампионите, ги одредија термините и саатниците за првите 10 кола од групната фаза за сезоната 2020/2021.

Македонскиот шампион Вардар 1961 своите натпревари на домашен терен во СЦ „Јане Сандански” ќе ги игра во термин од 20:45 часот, со исклучок на дуелот со Кјелце на 19 ноември што ќе се игра од 18:45 часот. Во тој термин ќе гостуваме и во Унгарија кај ПИК Сегед во рамките од 3 коло на 1 октомври.

Од сезонава лигата на шампионите ќе се игра само во две групи. Вардар е во група со: ПСЖ, Кјелце, ПИК Сегед, Мешков, Порто, Елверум и Флензбург.

Распоред на натпреварите на Вардар:

1. коло – 16 септември
Мешков Брест – Вардар 1961 (18:45 часот)

2. коло – 24 септември
Вардар 1961 – Елверум (20:45)

3. коло – 1 октомври
ПИК Сегед – Вардар 1961 (18:45)

4. коло – 15 октомври
Вардар 1961 – Флензбург (20:45)

5. коло – 22 октомври
Вардар 1961 – Порто (20:45)

6. коло – 29 октомври
ПСЖ – Вардар 1961 (20:45)

7. коло – 19 ноември
Вардар 1961 – Кјелце (18:45)

8. коло – 25/26 ноември
Кјелце – Вардар 1961

9. коло – 3 декември
Порто – Вардар 1961 (20:45)

10. коло – 10 декември
Вардар 1961 – ПСЖ (20:45).