Познатите донираат пари за кауции за уапсените демонстранти во Минесота


 

Познатите личности се здружија и донираа пари за „Minnesota Freedom Fund”, покренат за да се уплаќа кауција за сите оние кои беа уапсени на протестите за Џорџ Флојд во Минесота.

Џорџ Флојд почина на 25 мај во Минеаполис откако полицаец при апсење го држеше со колено на вратот и го загуши. Целиот случај беше сниман и споделен на интернет, а полицаецот кој го изврши убиството уапсен е истиот ден, а потоа и осуден. Сите други полицајци кои се поврзани со овој случај се отпуштени од своите позиции на работа.

Ширум САД се одржуваат протести, а голем број демонстранти уапсени се и задржани во притвор. Но, познатите личности се активираа на социјалните мрежи и се повикуваат едни со други да донираат пари за плаќање кауции на уапсените кои се во притвор.

Криси Тејген донираше 200.000 долари, по што и се придружија Стив Карел, Бен Шварц и Дон Чедл, кои донираа ист износ.

Во акцијата се вклучија и Хари Стајлс, Келани, Лил Нас Екс и многу други, донирајќи помали износи, но користејќи ја својата популарност за да ги повикаат своите колеги и пријатели да го направат истото.