Познатиот српски кошаркар Мачван во болница, позитивен е на корона


Србија-Поранешниот капитен на репрезентацијата на Србија, Милан Мачван е позитивен на коронавирус. Мачван кој летово се пензионира, е пренесен во белградската болница „Драгиша Мишовиќ“.

„Ви благодарам на поддршката. Точно е дека сум хоспитализиран на болницата „Драгиша Мишовиќ“ каде ја добивам потребната нега и грижа. На заразени и болни им посакувам брзо опоравување, а на останатите да слушаат и читаат што се пишува или препорачуива и да се чуваат“, напиша Мачван на својот Твитер профил.

Милан Мачван е уште еден во низата на српски спортисти кој е позиитивен на коронавирус, а меѓу нив се или беа Новак Ѓоковиќ, Никола Јокиќ, фудбалерите на Црвена звезда, Виктор Троицки, Никола Јанковиќ, селекторот на ватерполо репрезентацијата…