Познатиот српски коментатор и критичар на Вучиќ, Милојко Пантиќ, уапсен во Белград


Познатиот српски спортски коментатор Милојко Пантиќ (72), кој во последно време е жесток критичар на претседателот Александар Вучиќ, беше уапсен минатата ноќ откако со своето возило „форд фокус“ удри во џип на полициската интервентна единица во Белград.

Како што дознава српски „Блиц“, Пантиќ околу 23:30 часот, кај Стариот саем во Белград, удрил во задниот дел на возилото на интервентната полициска единица, а потоа избегал кон Бранковиот мост, по кој возел во спротивна насока.

Набрзо бил престигнат од полицискиот џип во кој удрил и бил уапсен, а од полицијата велат дека во инцидентот никој не бил повреден.