Познатиот производител на спортска опрема прокнижи 790 милиони долари загуба за еден квартал


Загубата на американската компанија „Најк“ во последниот квартал од фискалната 2020 година е 790 милиони американски долари, се вели во извештајот на компанијата објавен на официјалната веб-страница.

Извештајот го опфаќа четвртиот квартал на фискалната 2020 година, што истече на 31 мај.

Приходот на „Најк“ за тој период беше 6,3 милијарди американски долари, што претставува намалување за 38 проценти во однос на истиот период лани.

Во исто време, продажбата на производи преку Интернет се зголеми за 75 проценти, а административните и другите трошоци се намалија за 6 проценти, достигнувајќи 3,2 милијарди долари.

И покрај ова, компанијата не можеше да оствари нето профит, иако тоа се очекуваше.

Во својот извештај, „Најк“ повеќе пати ја припишува причината за падот на финансиските перформанси на последиците од пандемијата на коронавирус.