Позната музичарка и нејзиниот син пронајдени мртви

Шеснаесет дена по почетокот на потрагата, беа пронајдени остатоци од четиригодишно момче Џиолеа Мондел, кое заедно со својата мајка исчезнаа крај крајбрежниот пат во Сицилија. Така, заврши потрагата по детето чија мајка беше пронајдена мртва во близина на далекуводот.

Мајката на момчето е музичар и диџеј Вивиана Париси, а нејзината смрт и судбината на детето со денови ја шокираа Италија.

Телото на момчето било пронајдено на 200 метри од главниот пат што води од Месина до Палермо. Телото на мајката е пронајдено 400 метри оддалечено од синот.

Обвинителството наведува дека околностите на смртта на мајката и детето сè уште не се јасни.

Што се однесува до мајката, рече обвинителот Ангело Кавало, причината би  можело да биде несреќа, самоубиство или убиство.

Според хрватските медиуми, Вивиана отишла да купи чевли со детето.

На патот, имале мал судир со комбе кое превезувало работници, а потоа им пукнала гумата, па запреле семејство кое им помагало.

Она што се случувало следно е мистерија засега.

Снимките од надзорната камера ја прикажуваат мајката како прескокнувала преку оградата по патот и одела во непознат правец со својот син во рацете. Според очевидци, момчето се чинело неповредено додека мајката била вознемирена.

Би-Би-Си пишува дека музичарката од Торино неодамна доживеала нервен слом што се влошил за време на епидемијата на коронавирусот.

Нејзиниот сопруг, исто така диџеј, Даниел Мондело тврди дека неговата сопруга ја напуштила куќата смирена.

„Вивијан сигурно не го уби нашиот син, таа го сакаше премногу“, рече тој, додавајќи дека верува оти неговото семејство било нападнато од диви животни.

Нејзиното тело беше пронајдено пет дена по несреќата со многу повреди што може да се случи и од паѓање од столбот под кој е пронајдена, а забележани се и каснувања од животни.