Познат руски „независен“ судија загинал во експлозијата на Кримскиот мост

Меѓу последните предмети на Сергеј Маслов бил и случајот на ќерката на Рамзан Кадиров и на „Гаспром“


Сергеј Маслов

 

Се тврди дека „независниот“ руски судија, кој ги надгледувал случаите од висок профил, загинал во експлозијата на Кримскиот мост.

Се смета дека 42-годишниот Сергеј Маслов го возел својот црн „кадилак ескалад“ покрај камионот кога голема експлозија го разурна мостот во раните утрински часови во саботата – што предизвика бесна реакција од Владимир Путин.

Маслов се возеше заедно со водичот по историја, Едуард Чучакин (53) и неговата спруга Зоја Софронова (33) – со која беше пријател – и фитнес инструкторот Глеб Оргеткин (26), кога одекна експлозијата. Сите четворица беа убиени.

Судијата претходно ги надгледуваше судските случаи во кои се вмешани ќерката на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров и државниот енергетски гигант „Гаспром“.

Локалниот весник „Московски комсомолец“ прв ја пријавил смртта на Маслов, тврдејќи дека тој управувал со автомобилот што се гледа на снимката од видео надзор како претекнува камион за кој руските инспектори рекоа дека ја предизвикал експлозијата.

Автомобилот паднал во океанот откако експлозијата предизвикала уривање на дел од мостот, а телата на жртвите биле извлечени од водата.

Руските инспектори првично соопштија дека загинале три лица: Чучакин, сопругата Софронова и возачот на камионот, 52-годишниот Махир Јусубов.

Но, сега се чини дека вистинскиот број на загинати е пет, вклучувајќи ги Маслов и инструкторот Оргеткин. Не е јасно зошто до сега не била пријавена нивната смрт.

Загинатиот пар „одамна бил пријател со судијата на Арбитражниот суд во Москва, 42-годишниот Сергеј Маслов“, објави МК.

Маслов го поседуваше автомобилот од 2017 година и им кажал на колегите дека оди на одмор во анектираниот Крим, каде што поседува земјиште.

Правен извор рече дека тој бил „невообичаено независен и некорумпиран“ кој одлучувал за „чувствителни случаи“ кои вклучуваат деловни спорови.

Телеграмскиот канал Чека-ОГПУ рече дека Маслов „возел огромен и тежок ‘кадилак’, кој бил во епицентарот на експлозијата“.

Медиумот шпекулира дека можеби во „кадилакот“ имало експлозив, а не во камионот. Судијата „разгледуваше случаи од висок профил [во кои се вклучени] огромни суми“, пишува тој.

Последниот случај што падна во постапка на судијата беше кога ќерката на Рамзан Кадиров беше обвинета. Ајшат Кадирова (23) е моден дизајнер и едно од неговите 14 деца.

Случајот пред Маслов запре откако издавачката група Conde Nast „неочекувано се повлече“.

Еден случај пред него го доби „Гаспром“ во октомври 2020 година.

„’Кадилак ескаладе’ е огромен и тежок автомобил што може да собере многу експлозиви, на пример, меѓу багажот“, се вели во извештајот без да се наведат никакви докази за неговото тврдење.

Оттогаш се појави слика од неговото возило.

Чучакин и Софронова беа познати туристички водичи и документаристи во Санкт Петербург.

Нивните имиња се појавија многу пред имињата на судијата и другиот патник.

Тој беше специјалист за царската архитектура на Санкт Петербург, а таа беше новинарка.