Познат првиот тим што испаѓа од Премиер лигата


Вулверхемптон е првиот тим што ги загуби и теоретските шанси да остане во Премиер лигата за сезоната 2026/27.

Тимот ја изгуби секоја шанса да го задржи своето место во англиската Премиер лига откако синоќа Вест Хем ремизираше 0:0 со Кристал Палас во 33. коло.

„Чеканите“ кои моментално се наоѓаат на 17. место, имаат 33 бода. Вулверхемптон, кој е на 20. место со 17 бода, ниту со максимални пет победи во последните пет кола нема да може да стигне до 147.позиција, последна која носи опстанок помеѓу премиерлигашите.

Вулверхемптон ќе испаде од Премиер лигата за прв пат од 2018 година. Тимот е трикратен шампион на Англија.