Познат производител на автомобили одлучи да направи голема промена! Ова повеќе нема да го видите во внатрешноста на возилото


Портпаролката на компанијата ја потврди промената за германскиот портал „Автомобилвохе“.

Од крајот на 2025 година, автомобилските гиганти „Рено“ и „Дачија“ повеќе нема да користат кожа или други животински материјали во ентериерите на своите автомобили. Портпаролката на компанијата во која работат двата бренда ја потврди промената за германскиот портал „Автомобилвохе“, а одлуката е донесена по разговорите со организацијата за заштита на животните ПЕТА.

Последниот модел на „Рено“ со вистинска кожа, теренецот „Колеос“, ќе се произведува до средината на 2025 година и повеќе нема да биде достапен за нарачка во Германија. „Дачија“ воопшто не користеше кожа во своите модели.

Модели како Renault Espace и Austral веќе се достапни со ентериер без кожа од 2024 година. Новите модели, како што се Renault 5 E-Tek и Symbiosis, користат рециклирани материјали од самиот почеток. Некои елементи како што се рачката на менувачот и рачната сопирачка сè уште содржат кожни делови, но и тие постепено ќе се заменуваат.

ПЕТА  го поздравува потегот, предупредува WWF

Организацијата за благосостојба на животните ПЕТА ја пофали одлуката, истакнувајќи дека Renault покажува како сочувството и иновацијата можат да одат рака под рака. Тие велат дека потегот ќе ги намали емисиите на јаглерод диоксид и ќе спречи смрт на илјадници крави.

Сепак, Светскиот фонд за природа (WWF) ја истакнува и другата страна. Според нивната студија, кожата е нуспроизвод на месната индустрија, а не главна причина за колење. Неискористената кожа често се гори, што дополнително ја загадува животната средина. WWF верува дека употребата на кожа, со соодветен третман, би можела да ја подобри ефикасноста и еколошкиот отпечаток.

Мешана пракса во автомобилската индустрија

Додека некои производители го следат примерот на Рено, други нудат мешани опции. Тесла Модел 3 е единствениот автомобил што целосно ја елиминира кожата, вклучително и воланот, додека Волво, Полестар, Фиат и Мерцедес нудат алтернативни материјали, но сепак имаат верзии со вистинска кожа.

БМВ, Фолксваген, Шкода и Фиат нудат вегански или делумно вегански опции, но кожните елементи како што се воланите или седиштата често се појавуваат во повисоките нивоа на опрема. Дачија, од друга страна, постојано ги избегнува сите животински материјали, дури и во најскапите верзии.