Познат бугарски бизнисмен и политичар, наклонет кон Кремљ, осуден на четири години затвор

Веселин Марешки е лидер проруската популистичка партија Волја


 

Бизнисменот и лидер на проруската популистичка партија Волја, Веселин Марешки е осуден на четири години затвор поради случајот со изнуда што трае осум години. Казната не е конечна и може да се обжали до Врховниот суд.

Доколку Марешки конечно биде осуден, тој ќе стане највисокиот бугарски политичар кој ќе добие затворска казна.

Пред две години, Марешки стана познат како лице за контакт во Софија на француската крајнодесничарска лидерка Марин Лепен. Таа дури дојде во бугарската престолнина да го поддржи Марешки на европските избори.

Волја беше дел од бугарскиот парламент до април 2021 година, но потоа трипати не успеа да го премине изборниот праг од 4 проценти од изборите, аа поддршката за партијата падна под 1%. Во парламентот, партијата Волја беше клучен помагач на тогашната владејачка коалиција на ГЕРБ и ВМРО, иако таа навидум се обидуваше да изгледа независно.

На почетокот на 2019 година, Веселин Марешки силно го бранеше продолжувањето на гасоводот „Турски тек“ низ бугарска територија, тврдејќи дека Бугарија не треба да дозволи трети земји да ги уништат нејзините добри односи со Русија во врска со заканата од САД да воведат санкции за изградба на гасоводот.

Пред две години, Апелацискиот суд во Варна повторно го осуди Марешки на четири години затвор за истиот случај, но Врховниот суд ја укина пресудата поради грешки. Сега казната е иста, а се очекува Врховниот суд повторно да се произнесе.

Во 2021 година, Марешки рече дека се чувствува потиснат во Бугарија, изјавувајќи дека „Јас сум во иста позиција како Навални. Јас сум политичар кој е нападнат поради неговите политички ставови“. (Еурактив)