Позитивни на Kовид-19 тројца припадници на Единицата за брзо распоредување


Фото: Б. Грданоски

Тројца припадници на Единицата за брзо распоредување (ЕБР) при Министерството за внатрешни работи, кои изминатата недела работно престојувале во Охрид се заразени со новиот Ковид- 19.

Оваа информација ја соопшти министерот за здравство, Венко Филипче и од Министерството за внатрешни работи.

Во одморалиштето на МВР во Охрид биле 18 полициски службеници, а по враќањето во Скопје, еден од нив имал симптоми на Ковид-19, па поради тоа биле тестирани сите полицајци. Досега има резултати за седуммина, тројца се позитивни, а четворица негативни. Останатите 11 полицајци се во самоизолација и чекаат резултати.

-Резултатите се очекуваат во текот на денешниов или утрешниот ден. Во тек е епидемиолошка анализа кај сите 18 полициски службеници, велат од МВР за Фокус.

Досега имаше регистрирано 18 заразени од новиот вирус во МВР.