Пожарот кај Мадрид четири дена вон контрола


Властите во Шпанија денеска објавија дека во ридовите во близина на Мадрид и понатаму е надвор од контрола по четири дена од кога изби.
околу 500 пожарникари со поддршка од авиони и денеска го гасат пожарот лоциран на 60 километри западно од шпанската престолнина.
Регионалниот шеф на пожарникарите Агустин де ла Херан вели дека падот на температурите по рекордно жешкиот бран последните денови дава надеж дека ќе може да се совлада пожарот. Но, температурата во тоа подрачје сѐ уште е 36 степени Целзиусови.
До сега се евакуирани 40 домови за кои постои опасност да бидат зафатени од пожарот.
Вториот голем пожар, во североисточна Шпанија, кој почна во средата, во неделата беше ставен под контрола.