Пожарникарите спасиле 12 лица од лифт наменет за тројца во Велес


Пожарникарите од Велес интервенирале во заглавен лифт во кој можело да се возат најмногу три лица, а внатре имало 12-мина.  Луѓето го преоптовариле лифтот и покрај предупредувањето, поставено на секој кат од лифтовите во т. н. социјална зграда во Велес во населбата Тунел, дека може да се возат најмногу три лица, јавува СДК.

 

„По примена дојава во 21:35 часот за лица заглавени во лифт, Територијалната противожарна единица (ТПП) Велес излезе на лице место со едно  противпожарно возило и тројца пожарникари спасители. По пристигнување на лице место, од лифтот беа извадени осум возрасни и четири  деца“, соопштија од Противпожарната единица Велес.