Пожар во стан во Кисела Вода


Фото: Прес 24

Попладнево во скопската Општина Кисела Вода избувнал пожар во зграда во близина на Основното Училиште „Кирил Пејчиновиќ“.

Густ чад се крева од крева од повисоките катови, а противпожарни екипи се стигнати на местото и се обидуваат да го изгасат пожарот.

Пристигнуваат и возила на брза помош.

Пожарoт избувна во стан на петти кат на улицата „Народни Херои“ во Општина Кисела Вода, што е празен.

– Во моментов пожарот го гаснат 25 пожарникари со 10 возила, потврдуваат од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје.

На терен се екипите на брза помош и на полицијата.