Пожар во Радишани, изгоре магацин за автоделови
Голем пожар избувна попладнево во населбата Радишани, а неофицијално, во пожарот изгорела фирма за авто делови, заедно со магацин кој работел на диво.
На самото место веднаш пристигнал и градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски.
Пожарот е ставен под контрола, но пожарникарите уште работат на негово целосно гаснење.
Според очевидци, јавуваат некои медиуми, пожарот избувнал од искра при сечење железо.
Чадот ја покри речиси целата населба.